На 26-от натпревар по прва помош што го организира Општинската организација на Црвениот крст од Кичево, зедоа учество 10 екипи поделени во две возрасни категории – подмладок и младинци. Во категоријата подмладок зедоа учество седум екипи, додека во повозрасната категорија учествуваа три екипи.
– На 26-от општински натпревар по прва помош што го организиравме на кејот на градската река , се натпреваруваа вкупно 10 екипи, седум во категорија подмладок и три во категорија младинци. Кај подмладокот првото место го освои екипата од ОУ„ Д-р Владимир Полежиноски“, а во категоријата младинци најдобра беше екипата на ОСУ„ Мирко Милески“. Победничките екипи во двете категории ќе земат учество на републичкиот натпревар што на почетокот на септември ќе се одржи во нашиот град, а ние ќе бидеме негови домаќини – информираа од ОО на Црвениот крст од Кичево.
З.А.