Отсекот за управни работи Куманово од СВР Куманово ќе работи утре и во недела (11-ти и 12 август), информираа денеска од кумановската полиција.
Во двата дена од викендот Отсекот ќе работи од 8 до 16 часот и ќе издава лични документи – патни исправи, лични карти и возачки дозволи.
Од кумановската полиција ги информираат граѓаните кои поднеле барање за лични документи да ги подигнат документите и во деновите од претстојниот викенд.