Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На магистралниот пат А2 Кичево – Охрид, на потег од Пресека до село Песочан, од денес поради асфалтирање наместа сообраќајот ќе се одвива со девиации односно преминување од една во друга коловозна лента за што ќе биде поставена соодветна соообраќајна сигнализација.
Работите ќе се изведуваат во наредните 10 дена.