Денеска во Битола со свечена церемонија е отворен почесниот конзулат на Албанија. За прв почесен конзул на Алабнија во Битола е именуван екс министерот за здравство Имер Селмани.
Кознулатот е отворен во присуство на албанскиот амбасадор, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, градоначалничката на Битола Наташа Петровска, почесни конзули, владини министри и градоначалниците од Пелагонискиот регион.
– Битола е град кој има историска меморија за албанците. Тука пред 111 години, уште пред официјално да се формира Република Албанија и пред да се има држава, направени се огромни титански напори за да се унифицира азбуката, албанската азбука која денес сите ние албанците ја употребуваме и се разбираме. Но, оваа чест не е само наша, тоа е чест за Битола и цениме дека во овој град на конзулите, со отворањето на овој конзулат ќе го збогатиме, ќе направиме позитивни чекори и заедно со нашите пријатели македонци, турци, власи и сите останати што живееме тука под исто сонце со кои делиме исто минато, иста иднина, се стремиме да бидеме во семејства како што се НАТО и ЕУ. Сакаме овој град и целата држава да ја направиме подобро место за живеење – истакна почесниот конзул Имер Селмани на свеченоста во Битола.
Почесниот конзулат на Република Албанија во Битола е лоциран на Широк Сокак, на улицата каде се и најголемиот број други почесни конзулати во Битола.
М.М.