Во Центарот за култура во Битола е отворена 46-тата изложба на детски ликовни
творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.
На изложбата беа презентирани 500 цртежи на ученици од целата држава чија
инспирација е трацидијата и културата.

На изложбата свое обраќање имаа директорката на Центарот за култура, Маја
Андоновска Илијевски, претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, и градоначалничката Наташа Петровска, која ги додели наградите на најуспешните.

– Нема поголема радост од вакви моменти кога човек има две причини да се радува.
Едната е показател дека имаме традиција на една манифестација која што го чува
македонското, нашите културни белези, а втората затоа што токму од најмали нозе, ги
учиме најмладите да се почитуваат себеси, да ги почитуваат нашите вредности, бидејќи ние и тоа како имаме што да му покажеме на светот – изјави Петровска.

Инаку изложбата на детски ликовни творби на тема „Народната култура како
трајна инспирација во моето творештво“ е воспоставена во 1975 година и е најстара од овој вид во нашата држава, па и пошироко.

М.М.