Според информациите од РЕК Битола, во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, дојде до краток спој во едно од електричните кола на електростатскиот филтер на „Блок 2“ на РЕК Битола, што предизвика испаѓање на блокот.

Денеска, рано наутро, по непрекинато работење во текот на целата измината ноќ,  „Битола 2“ повторно е вклучена на елекетро-мрежата.

Стручни лица од комбинатот работеа непрекинато изминатата ноќ на отстранување на дефектот и состојбата утрово е нормализирана.

Во меѓувреме, РЕК Битола продолжува со континуирано производството на електрична енергија од „Блок 2“ и „Блок 3“, додека „Блок 1“ се наоѓа во редовен годишен ремонт, се вели во соопштението на РЕК Битола.

М.М.