По силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола на 10 јули и остави големи последици врз земјоделските насади во неколку битолски села, а со цел локалната самоуправа да им помогне на земјоделците во намалување на последиците со кои се соочуваат, тие потребно е да достават соодветна документација до Општина Битола.
За таа цел, се повикуваат сите земјоделци од општината, во чии што земјоделски површини е направена штета, најдоцна до 19 јули до 15.30 часот, да достават барање до Општина Битола за надомест на штета, имотен лист од површината на која се наоѓа земјоделската култура.
Доставената документација ќе биде разгледана од страна на Комисијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди, соопшти општината.