Најстарото училиште во Куманово, ООУ „Браќа Миладиновци“, одбележа 65 години од своето постоење. Меѓу гостите на прославата беа и заменикот министер за образование Арбер Адеми, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и францускиот амбасадор во Република Македонија Кристијан Тимоние.
Учениците од училиштето пред публиката и пред пристутните гости изведоа голема и свечена приредба насловена како „Куманово те гушкаме“, на која што со песни и игри ја одбележаа 65 годишнината од постоењето на своето училиште.
Поради големиот јубилеј, но и поради големиот интерес, оваа година за прв пат од своето постоење прославата се одржа вон училиштето, односно во спортската сала во Куманово.
Т.Д.