АМСМ информира дека ќе се изведуваат градежни активности на магистрален пат А1, делница: Скопје – Неготино, при поставување на електрично осветлување на крстосницата Велес – Југ,во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Поради одрони на патниот правец Кочани – Македонска Каменица кај селото Истибања, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.