Дождот што го зафати регионот на Пијанец резултираше со појава на одрони на магистралата Делчево – Македонска Каменица. Одроните се најзабележливи на потегот од село Очипала до село Илиово.
 
Од ЈП “Македонија пат” апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот.
 
– Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сепак поради слабиот дожд и можната повторна појава на одрони апелираме возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, се вели во соопштението од ЈП “Македонија пат”.
 
Слична појава на одрони како што информираат од „Македонија пат“ е забележлива на местата кои поминуваат низ клисури.