Денеска Советот на Битола ја одржа последната седница пред распишувањето на претстојните локални избори.
На дневен ред на седницата беше Одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Битола за 2021год, како и измени на Програмата за измена и дополнување на Програмата за економски развој во Општина Битола за оваа година.
На седницата, Советот на Општина Битола донесе одлука да се издвојат средства за реконструкција на улици во с.Логоварди од 10.000.000 денари, реконструкција на ул.Алберт Ајнштајн, доизградба на ул. Крушевска Република, како и за зголемување на платите на вработените во ЈКП „Нискоградба“ за 7,7 отсто.
М.М.