Во услови на пандемија кога граѓаните не практикуваат физичка активност, потребно е да се акцентираат здравствените бенефити од рекреативното спортување.
Општина Битола, во партнерство со локалните спортски клубови и здруженија, организираа спортско- рекреативни активности со цел подигнување на свеста за значајноста од физичката активност, во согласност со препораките за превенција и заштита од ковид-19. Членовите на веосипедскиот клуб „Пелистер 15 мај“ возеа до Бистрица, а останатите учесници рекреативно пешачеа низ Градскиот парк и по патеките на Тумбе Кафе.
– На Светскиот ден на физичка активност, сакаме да покажеме дека особено во овие услови на пандемија кога имаме низа рестриктивни мерки, кои го опфаќаат и спортот како област, дефинитивно рекреативните активности кои можеме да ги реализирираме благодарение на нашето опкружување, се исклучително значајни. Јакнењето на култура и дух за секојдневна активност, влијае врз здравјето на сите нас и нè прави подготвени за да можеме да се справиме со било кој предизвик од областа на здравството. Ме радува што денес имаме присуство на лица од различни возрасти, што покажува дека културата во градот за тоа ја имаме, особено што умееме да ја примениме во услови на пандемија. Во едно од најубавите катчиња во градот, Градскиот парк, ме радува што постојано имаме присуство на граѓани – посочи Петровска.
М.М.