Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Ѓорче Петров, денеска во Прилеп беа одбележани 154 година од неговото раѓање.
-Ѓорче Петров е еден од најголемите револуционери. Не борец само со оружје врака, тој држел уште поголемо оружје, а тоа е науката. Тој е првиот географ и етнолог во Македонија. Точно ги одредувал границите, значи територијата на која живееле Македонците, и постојано ја застапувал теоријата дека секој народ па и македонскиот, самиот е одговорен за своето постоење и за својата држава. Многу големо дело, признание му е оддадено пост Илинденското востание, иако не се сложувал со истото затоа што сметал, заедно со Гоце Делчев, дека е прерано. Сепак не се откажал од својот народ од борбата и продолжил – истакна Страшо Ѓорѓиоски, директор на СОУ „Ѓорче Петров“.
Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на средното „Ѓорче Петров“ во попладневните часови со почеток од 17.00 часот во НУ „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи Свечена академија посветена на ликот и делото на овој истакнат револуционер. Ка.М.