Денеска во НУ Завод и музеј Битола со посебна свеченост се одбележа 122 годишнината од дипломирањето во битолската воена гимназија, на основоположникот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
Не свеченоста покрај амбасадорот на Република Турција во земјава, н.е. Хасан Мехмед Секизќок, присуствуваа и претседателот на Уставниот суд Сали Мурати, заменик министерот за одбрана Башким Хасани, делегација на Генералштабот на Република Турција и Генералштабот на АРМ, воени аташеа и други гости, а и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
На свеченоста беше потенцирано дека Битола како град има посебно значење во развојот на личноста на Ататурк.
Битолската воена гимназија каде што се школувал Ататурк е образовна институција во која го започнал процесот на формирањето на својата интелектуална свест под водство на успешните и познати педагози од тоа време.
М.М.