Музејот на тетовски крај одбележа 74 години од битката кај мавровското село Беличица на 19 септември 1944 година каде се загинати 19 партизани членови на Третиот тетовски одред како и 17 деца, жени и старци од страна на балистичко движење помагачи на италијанскиот фашистички окупатор.
По повод настанот се положија цвеќиња пред спомен бисти на народните херои во Тетово, а во Музејот беше отворена изложба на уметнички слики и фотографии на членови од третиот тетовски партизански одред.
-Во знак на сеќавање и почит кон хероите на Тетово и нивните соборци, букети свежи цвеќиња се положени пред бистите на народните херои Ѓоце Стојчевски – Амбарче и херој Тодор Ципоски Мерџан. Главното одбележување е предвидено за во сабота 22 септември во Трница каде има спомен обележје посветено на сите загинати-истакна Јоцко Димитриевски од Сојуз на борци Тетово.
Двајца од партизаните на тетовскиот одред, Младен Симовски-Требош и Андреја Христоски-Шварц, кои останале живи во битката кај Беличица биле убиени два дена подоцна во Тетово.