Променливо облачно, попладне нестабилно на места со пороен дожд и грмежи, особено во централните и источните делови на земјава. Ќе дува умерен југоистоен ветер.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 16 до 27 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 25 степени.
УВ индексот ќе изнесува 6.