Откако со неодамнешниот јавен повик за добивање субвенции за купување велосипед извисија 169 битолчани, Општината Битола одлучи да објави нов јавен повик за субвенционирање на велосипеди.
Јавниот повик ќе биде објавен в среда, на 14 јули, на веб-страницата на Општина
Битола, На повикот ќе можат да аплицираат жителите на Општина Битола кои купиле
велосипед во периодот од 16. јуни годинава (од периодот на претходно објавениот повик) до крајниот рок за аплицирање според новиот јавен повик (16 јули годинава до 15.30 часот), а кои ќе поднесат барање за искористување на правото за надоместок.
Потребно е апликантите да ги исполнат условите наведени во јавниот повик, а распределбата на средствата ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен“, до искористување на средствата предвидени во буџетот за оваа намена.
Со овој јавен повик, Општина Битола продолжува да ги стимулира граѓаните за користење на превозни средства кои не го загадуваат воздухот, обезбедувајќи им на граѓаните поврат на дел од потрошените средства за купени велосипеди. За разлика од првиот пат овој пат Општината Битола не кажува колку средства ќе издвои за субвенции. Инаку, во првиот јавен повиук беа издвоени вкупно 700.000 денари.
На јавниот повик се јавија 297 битолчани од кои субвенции добија 129. Висината на субвенцииите изнесува до 50 отсто од вредноста на велосипедот, но најмногу до 5.000 ден. М.М.