Утринава, источно од Кичево на неколку места се појавија и се уште горат неколку шумски пожари кои се уште се активнии. Пожарите во северниот регион кои гореа вчера се изгаснати во целост.
Од општина Кичево информираат дека активно работи локалниот штаб за кризи за да се делува по ефикасно, противпожарните екипи се на терен и работат непрекинато. Според надлежните, доколку се појави потреба ќе се ангажираат и авиони за гаснење на пожарите.
– Во овие моменти мобилните екипи се на терен и се борат против огнената стихија – информира порпаролот на општината Емин Насуфи кој апелираше граѓанит да се воздржаат од палење на оган на отворено, бидеќи последиците се огромни.
Според Нусуфи, селата во овој регион не се во опасност.