Деновиве, во рамките на втората етапа од чистењето на реката Драгор, се работи на расчистување во делот од Железничкиот мост до Мојсов мост.
Екипите на КЈП „Нискоградба“, со помош на ровокопач и камион, ги отстрануваат наносите, ѓубрето и обраснатите делови на овој потег.
Претходно во првата етапа, вработените во ова јавно претпријатие ги отстрануваа обраснатите делови со трева и растенија во реката Драгор и ѓубрето на потегот од кружниот тек кај Црн Мост до Железничкиот мост.
По реализацијата на втората фаза, следува и трета фаза во која машина гусеничар ќе го планира дното на реката Драгор. Вкупната сума која Општина Битола ја издвои за годинешното чистење на реката Драгор изнесува 3.000.000 денари.
М.М