Врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола Центарот за јавно
здравје – Битола од 26 до 30 јули ќе ја спроведува втората фаза на дезинсекција за уништување на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20 до 2 часот по полноќ, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола. М.М.