Здружението на родители на деца со пречки во развојот и АД „Витаминка“, на децата со пречки во развојот од општина Кичево им врачија новогодишни пакетчиња, со што уште повеќе им го разубавија денешниот ден.
– Нашатата хуманост уште еднаш дојде до полн израз, бидејќи на децата со пречки во развојот денес им подаривме новогодишни пакетчиња. Кај секое од дечињата се чувствуваше радоста од подароците што ги добија. Секако и нашето задоволство беше големо, гледајќи ја нивната радост од добиениот новогодишен подарок.
Нашата хуманост не застанува тука, туку во секоја можна прилика, како и до сега, ќе оганизираме заеднички дружби и прошетки, за овие деца да се чуствуваат што порадосни и посеќни – истакна Славе Китаноски, претседател на ова здружение.