ОХРИД

За да се подобрат условите за велосипедистите и да се обезбеди нивна поголема безбедност во сообраќајот, во текот на изминатите денови беше извршено обележување на велосипедските патеки на улиците Сирма Војвода, Карпош Војвода, Питу Гули и АСНОМ од крстосницата со булеварот Туристичка до крстосницата со улицата Кај Македонија.
Овие активности се дел од годинешната програма на Општина Охрид за поставување сообраќајна сигнализација. Во текот на наредниот период е планирано да бидат обележени нови велосипедски патеки на уште неколку фреквентни улици.