Она што најмногу недостигаше кај правосланите гробишта во Кичево, беше капелата, која според програмата на општината треба да почне да се гради следната година и за период од две години, поточно во 2023 година, истата да биде завршена и која според прелиминарните проценки ќе чини 150.000 евра, а ќе биде изградена со средства од локалната самоуправа.
– На денешната последна седница на општина Кичево за оваа година, од страна на градоначалникот ни беше соопштена информацијата дека со програмата на ЕЛС Кичево за наредните три години, се планира изградба на капела кај православните гробишта во градот. Во период од три години од општинскиот буџет ќе се издвојуваат по 50.000 евра или во трите години ќе се обезбедат вкупно 150.000 евра, средства доволни за изградба на овој објект – информира Сашо Кацески, советник во општина Кичево.
З.А.