Во тетовското село Џепчиште денеска беше пуштена во употреба нова детска градинка со капацитет за згрижување на 50 деца од селото и околината. Станува збор за нов објект на градинката “Младост” со кој се очекува да се намали листата на чекање за упис во градинка.
-Во услови кога се бара место повеќе за згрижување на децата во претшколска установа, секој нов објект е добредојден за решавање на проблемот се долгите листи на чекање. Голем празник за нашата градинка. Ќе ни помагне да примиме деца во градот – рече Рамије Даути директорка на установата Младост која раководи со детските градинки.
Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи вели дека објектот ги исполнува сите законски барања за овој капацитет на деца од предучилишна возраст.
-Имаме покриено голем дел од руралното подрачје со дневни центри. Важно ни беше со оглед дека имаше објект тука во Џепчиште да го реновираме и да го ставиме во функција. Изборот на местото е поради големината, фрекфренција на население и место положба- рече Арифи.
Капацитетот на сите објекти на јавната установа детски градинки “Младост” е околу 500 деца, а бројот на запишани деца е за неколку стотини повеќе од тоа. Новиот објект во Џепчиште, но и најавената нова градинка во дворот на основното училиште “Кирил и Методиј” во Тетово, се очекува да го зголеми капацитетот и да ја намалила листата на чекање за упис.