ОХРИД
Поради актуелната состојба со ковид-19 и зголемениот број на заболени на подрачјето на Општина Охрид, по налог на градоначалникот Константин Георгиески, општинската зграда ќе биде затворена за физички посети на странки.
– Се известуваат граѓаните дека покрај тоа што нема да биде дозволен приод во општинските простории, сите надлежни служби ќе работат непречено. Граѓаните што имаат каква било потреба од општински услуги ќе може да се обратат на активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од Општината, кои се достапни на општинската веб-страница. За граѓаните ќе биде достапен шалтер на општинската архива каде што ќе можат писмено да се обратат – информираат во Општината.
Оваа мерка се воведува за да се обезбеди поголема заштита на граѓаните и на вработените од ширењето на коронавирусот и обезбедување услови за побезбедно функционирање на општинските служби. Мерката ќе важи до стабилизирање на состојбата со вирусот.
– Општина Охрид упатува апел до граѓаните за максимално почитување на сите актуелни препораки за заштита и превенција од вирусот, кои се донесени од страна на Министерството за здравство и Владата – велат оттаму.