Водата во населените места Волково, Прилепец, Чумово, Мало Рувци, Старо Лагово, од локалниот водовод на селата Алинци, Веселчани, Загорани, Ѓумушица, Тројкрсти, Чепигово, село Ерековци и Кнатларци, не е здравствено исправна за пиење информираа од Центарот за јавно здравје – Прилеп.

Водата од овие чешми, потенцираат од Центарот за јавно здравје, не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути. Од таму уште нагласуваат дека се вршат редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде што нема водоводи, кои што се вклучени во водоводната мрежа со која стопанисува ЈКП „Водовод и канализација“.

Ка.М.