Денеска во попладневните часови Куманово го зафати невреме проследено со силен ветер кој сеуште трае, а во градот предизвика и материјални штети.

Имено од силината на ветерот во централното градско подрачје или поточно на градскиот плоштад кај споменикот на Жената – борец настрада повеќедецениско дрво во чија што близина беше оштетен и еден билдборд.

Силниот ветер воедно во Куманово донесе студен северен бран од кој што температурите на воздухот значително опаднаа со што и во целост се остварија и временските прогнози на синоптичарите во државата кои што овие температури перманентно ги најавуваа во неколкуте претходни денови.

Т.Д.