Денеска во Националниот парк Пелистер, во близина на Инфо центарот се одржа показна теренска вежба која Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ја реализира во рамките на проектот: “Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор” – J-CROSS, финансиски поддржан од програмата за прекугранична соработка „INTERREG – IPA CBC 2014-2020“.
Главната цел на проектот е подобрување на заштитата на населението од елементарни природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор. Притоа беше демонстрирано извлеквање на жртви при лизгање на земјиште.
Целта на вежбата беше подигнување на свеста на релевантните чинители и населението од двата прекугранични региони за значењето на мерките за заштита од прирдони непогоди и непогоди предизвикани од човечки фактор, како и зголемување на готовноста за реагирање на населението и релевантните чинители при вакви или слични случаеви на итност.
Сценариото беше развиено во согласност со спецификациите и целите детерминирани во проектот и истото ги опфати сите потребни елементи кои ја одсликуваат реалната ситуација на една ваква природна непогода односто лизгање на земјиште како и сите потребни мерки кои би се презеле во таков случај.
Изведувач на вежбата беше „Пегаз Еду“, а нејзината организација и реализација беше во целосна координација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Проектот Ј-CROSS e само уште една активност и заложба на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за унапредување на регионалниот развој и зајакнување на капацитетите на регионот за овој тип на заштита на населението и заштита од непогоди.
М.М.