Како одминуваат годините така дел од граѓаните не ги менуваат лошите навики, тие со вандалскиот однос со години ја уништуваат урбаната опрема поставена на речиси сите улици во Кичево и, која ќе придонесе за подобра хигиена во градот и подобро здравје на сите негови жители ,вклучувајќи ги и тие што ја уништуваат оваа опрема. Општинарите и комуналците се грижат во секое време секој дел од градот да биде квалитетно покриен и, со тек на време се очекуваше да проработи свеста и сите по малку да придонесат Кичево да биде поубаво место за живот.
– Нашите желби и намери да поставиме урбана опрема во сите делови во градот континуирано се спроведуваат.Само во последните 6-7 години во три наврати поставуваме корпи за собирање на ситен отпад.И како одминува времето така корпите во се поголем број или ги нема на предвиденото место , истите делумно или целосно се откорнати.Се прашуваме кои мерки треба да ги превземеме овие проблеми еднаш да се надминат или барем ублажат. И постојано го поставуваме истото прашање, кому пречи урбаната опрема во нашиот град? Таа впрочем е купена со пари на граѓаните и истата треба долгорочно ним да им служи – истакнуваат од општината.
Колкава е физичката сила на поединци кои ова го чинат, зборува и примерот со еден контејнер полн со отпад , кој минатото лето бил турнат од местото каде што стои во градската река. После овој случај секаков коментар е излишен.