Василево
Советот на Општина Василево на вонредна седница донесе одлука за именување членови на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Василево, односно Кризен штаб на општината. Исто така, донесе и одлука за формирање сили за заштита и спасување во Општина Василево, односно Универзална единица за заштита и спасување во јачина на вод.
– Командант на Кризниот штаб е градоначалникот на Општина Василево, Марјан Јанев, а началник Митко Јанев. Кризниот штаб е составен од вкупно 11 лица, со поделени одговорности – велат од Општина Василево.
Единицата за заштита и спасување е составена од вкупно 42 лица, распоредени во три одделенија: Одделение за ПМП, Одделение за ППЗ и Одделение за поплави. За командир на водот е избран Сашко Атанасов, а за негов заменик Блаже Коцев.