По реконструкцијата на патната делница на влезот во Кавадарци кај Росоман која овозможува поголема безбедност во сообраќајот на овој фрекфентен патен правец, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев најави изградба на неколку капитални објекти во општината.
– Првиот проект кој можам да го наречам стратешки е изградба на заобиколница на Кавадарци која почнува од селото Марена до компанијата „Дрекслмаер“, од таму до „Југокомерц“ и да завршува до Катуниште. Со оваа заобиколница ќе се овозможи целосно да се отстранат тешките возила од градот и селото Ваташа. Новата заобиколница ќе биде голем бенефит и за новиот граничен премин кај селото Мајден за кој е потпишан и одобрен меморандум од страна на владите на двете држави. За граничниот премин Мајдан во тек е изготвување на финансиска рекоснструкција за неговата изградба и изнаоѓање средства за негова изградба што сметам дека е завршена работа – изјави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Вториот проект е изградба на велосипедска патека до Моклиште за која се одобрени 30 милиони евра, потоа 20 милиони евра за целокупна реконструкција на водоводната линија и изградба на атмосферска канализација во селото Сопот.
Еден од следните капитални проекти е реконструкција на фудбалското игралиште заедно со трибините за кое ќе се бараат средства од Владата. Во овој дел градоначалникот најави дека преку Вардански плански регион од страна на норвешката Влада обезбеден е грант од 100 илјади евра за изградба на скејт–парк во склоп на Спортскиопт центар „Јасмин“ и исто толку средства се добиени за изградба на вински музеј во градскиот парк .
Градоначалникот на Кавадарци исто така најави дека во фаза на одобрување на средства од еден милион евра за рехабилитацијата на патниот правец од село Конопиште до туристичката дестинација Михајлово.