На планинскиот превој Ѓавато утринава има намалена видливост до 100 метри поради магла, а на останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по претежно суви коловози, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.