фото: Зоран Антоски

Над 250 мотоциклисти од земјава и странство зедоа учество на годинешното традиционално „Рели Независност 2020“, што од 4 до 6 септември се вози на патиштата низ републикава. Релито го сочинуваат три епапи.

Првата етапа вчера стартуваше од главниот град и помина по патиштата низ источниот дел на земјава, а финишираше во Дојран, од каде денес мотоциклистите преку Гевгелија, Кавадарци, Прилеп и Битола завршија во Охрид.

Утре на програмата е последна етапа која од Охрид преку Кичево,Тетово, својот пат ќе го заврши на градскиот плоштад во Скопје.

Мотоциклистите се презадоволни од ова рели и најавуваат свое учество и следната година.

– По прекрасно време кое не следи по цел пат и со учество на над 250 мотоциклисти, од кои дел и од странство и тоа од Италија, Хрватска, Србија и Бугарија, протекува годинешното традиционално „Рели Независност 2020“. На ова рели нема победници ниту поразени, туку сите се најдобри што ќе ги извозат трите етапи и ќе финишираат во главиот град. Релито го организира Мотоциклистичката федерација на РСМ. Има се повеќе заинтересирани мотоциклисти, кои целат да бидат дел од него, а се етаблира и надвор од границите на нашата земја – рече мотоциклистот и учесник на релито, Слободан Ивчевски.

З.А.