ВЕЛЕС
По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, во медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“, Општина Велес организира интерактивна работилница за млади со претставници на Мисијата на Мировниот корпус.
Младите велешанки и велешани разговараа за проблемите со кои се соочуваат младите луѓе во градот, но и за можностите што ги нудат невладините организации, фондациите и меѓународните програми. Споделија лични искуства од учества на разни проекти, но се запознаа и со работењето на Мировниот корпус и на волонтерите од САД што активно волонтираат во многу држави во светот.
За искуствата од досегашната успешна соработка на мировниот корпус на национално, но и на локално ниво, зборуваше Дејвид Рут, програмски директор на Мировниот корпус. Додека, пак, регионалната менаџерка Теута Салији ги запозна младите со програмските активности што ги спроведува Мировниот корпус.
Мисијата на Мировниот корпус донира и 145 наслови на англиски јазик, книги наменети за локалната библиотека „Гоце Делчев“, односно за сите љубители на пишаниот збор.