Битола е првиот град во Македонија кој има формирано Совет за волонтерство кој има за цел да го зајакне активното младинско учество преку одржлив развој на волонтерството на локално ниво и како советодавно тело ќе и помогне на општината за развој на волонтерството. Советот за волонтерство во Битола е формиран во рамките на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај“ подржан од УСАИД за граѓанско учество а спроведуван од Младинскиот културен центар – Битола.
Во воведното обраќање Марија Мерковска, координатор на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај“ информираше за влијанието на волонтерството врз заедницата и нивното искуство во формирањето на советот кој има за цел да го обдини граѓанскиот сектор во Битола со цел поуспешно имплементирање на стратегијата за развој на волонтерството.
Виолета Нолевска како претставник од општина Битола во Советот за волонтерство говореше за придобивките од неговото формирање и можноста да се оствари поголема координираност меѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа со целосно ревидирање на постоечката стратегија и изготвување на програма за работа за наредната 2019 година.
Петре Мркев од Советот за превентива против малолетничка деликвенција Кавадарци подвлече дека покрај Битола, Кавадарци и Тетово се градовите кои уште пред 4 години имаат изготвено своја стратегија за развој на волонтерството но за жал досега таа остана само на хартија. То очеку промоцијата на Советот за волонтерство од Битола во Кавадарци да ги поттикне активностите заформирање на ваков совет и во кавадарци.
Во рамките на денешниот настан се одвиваше и дискусија на тема „Влијанието на волонтерството врз заедницата“ во која беа изнесени различни искуства за волонтеризмот во двата града. Питер Вагенер од Германија ко втора година престојува во Кавадарци како волонтер преку СПММД рече дека доколку се надминат непотизмот и партиските влијанија во образовните институции во Македонија има многу повеќе моности за развој на волонтерството отколку во Германија.