Најголемиот број битолчани новогодишната ноќ ја дочекаа согласно препораките на Министерството за здравство во своите домови, со своите најблиски.
Поради пандемијата од ковид-19, годинава немаше организиран дочек на Новата година на плоштадот „Магнолија“ , ни во угостителските објекти, кои ги спуштија кепенците по 16 часот.
Но тоа по што ќе остане запамтена прославата на новата 2021 година е големиот број огномети, кои го осветлуваа небото над Битола.
Огнометите беа испалени на голем број локации во градот.
Од голем број домови или станбени згради беа испукани петарди и испалени разни пиротехнички средства и „ракети“.
М.М.