КИЧЕВО

Манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста Кичевска“ го слави својот патрон Рождество на мајката божја или кај народот попознат како Мала Богородица. Во манастирот е организирана програма со почитување на сите мерки пропишани за здравствена заштита и превенција од коронавирусот.
– По повод патрониот празник е отслужена вечерна богослужба. Вчера имаше утринска богослужба, а се одржа и света архијерејска литургија на која чиноначалствуваше митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со епископот антаниски г. Партениј и клир од Дебарско-кичевската епархија. Оваа година поради пандемијата на ковид-19 јавното служење манастирски ручек е откажано – информираат во манастирот.
Манастирот го посетија верници од многу градови од земјава, кои запалија свеќи и се помолија за здравје. Некои од нив го даруваа манастирот и со добиток.