Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава проти Ш.И.(30) од кичевското село Туин, поради основи на сомнение за сторено казнено дело „пустошење на шума“.

Тој во периодот август – октомври минатата година, кај месноста Башоски ливади, извршил бесправна сеча на 400 дабови стебла, односно 184 метри просторно дрво, сопственост на повеќемина соселани од Туин – информираа од СВР Охрид.

З.А.