Општинската организација на Црвениот крст од Кичево, во соработка со Заводот за трансфузиона медицина, спроведоа крводарителна акција во најголемиот стопански капацитет во општина Кичево, каде што се вработени околу 1.500 лица, фабриката за заштитни перничиња „Џојсон“. При оваа крводарителна акција беа собрани 55 крвни единици и е прва спроведена со овој капацитет годинава.
-Како и претходната година така и годинава, во соработка со Заводот за трансфузиона медицина организиравме крводарителна акција во фабриката за заштитни перничиња„Џојсон“. При оваа крводарителна акција собрани се вкупно 55 крвни единици. Оваа акција е дел од програмата на Општинската организација на Црвениот крст Кичево за оваа календарска година. Во текот на есента планираме да спроведеме уште една крводарителна акција во овој стопански капацитет, најголем во нашата општина- потсети Ивана Лазеска од ОО на Црвениот крст Кичево.
Зоран Антоски