Еден од најголемите душегрижници за Осломејското Езеро, Бесми Елези во текот на вчерашното претпладне во езерото улови крап со тежина од 7 килограми и 300 грама. Според неговите зборови ова е втор по тежина примерок уловен на ова езеро, откако пред извесен период тука беше уловен крап од 9,3 килограми од страна на риболовец од Струга.
– Дека Осломејското Езеро станува вистинска риболовна мека и езеро каде може да се уловат и крупни примероци на крапска риба, потврдува и мојот вчерашен улов кога од езерото извадив крап со тежина од 7 килограми и триста грама. Ова е втор најголем примерот уловен во езерото. Се работи за примерок кој во езерото е пуштен при првото порибување пред неполни две години, но поради изобилството на храна во езерото, неговиот прираст е многу поголем од вообичаениот, кој на годишно ниво изнесува околу половина килограм – истакна Елези и додаде дека според риболовната етика крапот е вратен во езерото, а наскоро се очекува да започне мрестот на рибата и ловостојот во езерото. З.А.