ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје – Подружница Молика Битола, денес официјално ги започна активностите за реализација на планот и програмата за следната зимска туристичка сезона на ски-центарот „Копанки“ на Пелистер, во функција на исполнување на очекувањата на љубителите на зимските спортови, планинарството и планинскиот туризам, како и останатите рекреативци кои го посетуваат Пелистер, информираат од АД ЕСМ.
На локалитетот Бегова Чешма отпочнаа градежните активности за поставување платформа на сончевата страна од скијалиштето, како идеален простор за поставување на урбана опрема и организирана понуда на храна, пијалоци и топли напитоци за време на зимската и летната туристичка сезона. Платформата на Бегова Чешма ќе биде одлично место за одмор и рекреација, но истата ќе биде ставена во функција и за организирани настани и дополнителни манифестации во текот на цела година.
ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје – Подружница Молика Битола, со завршувањето на зимската скијачка сезона во март 2021 година, започна со реализација на акционениот план и развојната стратегија, со цел ски-центарот „Копанки“ во следните десет години да добие многу нови мултифункционални содржини, се вели во соопштението од АД ЕСМ.
М.М.