Германскиот гигант „Кнауф“ денеска во Кичево го промовираше својот нов производ, преграден ѕид со подобрена изолација и носивост “Соникборд“. Производ кој на македонскиот пазар се појави на почетокот на месец април.
Првите луѓе на „Кнауф Македонија“ пред кичевските бизнисмени и мајстори-гипсери ги презентираа предностите на новиот производ кој е побезбеден и постабилен при транспорт и работа, лесен за обработка и без биоциди и штетни испарливи материи.
-Целта на денешната средба беше да го промовираме новиот производ со зголемена звучна и изолациска заштита. Барањата во градежништвото од ден во ден се се поголеми, треба да му понудиме на купувачот нови решенија и нови производи. Овој производ на македонскиот пазар се појави на почетокот на април, а за прв пат во Германија се примени пред околу 5 години. Бидејќи и неговата цена не се разликува од досегашните слични производи што ги имаме на пазарот, а неговиот квалитет и трајност се далеку подобри, во целост ја оправдува неговата примена- рече Велимир Петровски, директор за продажба на Кнауф Македонија.
З.А.