Фото: Зоран Антоски

Волонтерите на Црвениот крст од Кичево, со повеќе активности го одбележаа Светскиот ден на Црвениот крст. Тие во текот на денешниот ден на градскиот плоштад демонстрираа реанимација на човек во случај на акутен инфаркт, на граѓаните им делеа флаери и мереа крвен притисок.

-Како и секоја година така и годинава на одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст организиравме повеќе активности во кои беа вклучени над 20 волонтери од ОО на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Така во текот на денот во средиштето на градот, демонстриравме како се врши реанимација на човек при акутен инфаркт. Исто така на заинтересираните граѓани им меревме крвен притисок и делевме флаери за важноста на Црвениот крст и Црвената полумесечина во светски рамки. Ова одбележување не е само на денот 8 мај, туку активностите течат во текот на целата недела – рече Ивана Лазеска, волонтер во Црвениот крст Кичево.

З.А.