Фото: Зоран Антоски

Доаѓањето на печалбарите во Кичево, не само што го зголеми интензитетот на сообраќајот во градот туку и придонесе на градските улици да се возат супер луксузни и скапи автомобили, со цена и од неколку стотини илјади евра и за час градот почна да наликува на монденско место каде во сиот луксуз и престиж влегуваат и овие скапи „лепотани“ на четири тркала.

Нема марки на автомобил од типот на Мецедес, БМВ, Порше, Ферари, Корвета и други.

– Нашиот град не важи за многу богат, но ако се посматраат скапите возила кои се присутни во текот на летото, може да помислиме дека преку ноќ и ние се претвориме во монденско место од типот на Мајами. Зачудувачки е колку нашите печалбари отидоа напред затоа што можат со својата работа да си дозволат и таков луксуз, да возат автомобили и џипови кои чинат и неколку стотини илјади евра. Во овие четириесетина дена нашиот град е како вистински салон на скапи автомобили, според цената на автомобилите кои се движат по гратските улици – велат Златко и Горан, граѓани на Кичево.

Граѓаните со восхит ги набљудуваат овие преубави возила, кои локалните жители ретко можат да ги видат во живо.

– Пријатно е чувството кога имаш убав и брз автомобил. Годи и љубопитноста на минувачите, кои со поголемо внимание го посматраат вашиот автомобил и по малку се восхитуваат на неговата убавина, додека поединци и прашуваат колку е брз, колку пари чини и слично – вели Рамазан, сопственик на еден од луксузните автомобили.

З.А.