Јован Наумоски, жител од кичевското село Пополжани ќе ја памети минатата недела додека е жив, откако на тикет со уплата од 20 денари се стекнал со добивка од над четири милиони денари.
На уплатното ливче во обложувачница во Кичево, тој го погодил исходот на 30 двојки од последните натпревари во различни национални фудбалски првенства во Европа.
Пред три години во истата обложувалница друг пасиониран играч од Кичево погоди 42 натпревари. З.А.