Охридското крајбрежје синоќа беше зафатено од невреме, проследено со силен ветер и дожд. Во автокампот Љубаништа, кај Свети Наум, уништени се дел од приколките и шаторите.
Фотографиите на еден гостин во кампот сведочат за страшното невреме и причинатите штети од силниот ветер, како искршени дрвја кои паѓале врз приколки.