Во Битола денеска дојде до кадровски промени во најголемиот број од јавните претпријатија, чиј основач е локалната самоуправа.
Во ЈП „Водовод“ на местото на Горан Козаров од СДСМ, именуван е локалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник, Пеце Милевски.
Со ЈП „Комуналец“ ќе раководи Гордана Наумовска, вработена во претпријатието во секторот зеленило.
Во ЈП „Пазари“ на директорската позиција назначена е Соња Карапашовска, магистер на економски науки. Таа ќе го замени либералдемократот Владе Атанасовски.
Во ЈП „Паркинзи“, каде директор беше Зоран Дојчиновски од СДСМ, е назначен е Горан Степановски, економист, советник во претходниот мандат на Советот на општина Битола.
Засега без нов кадар останува само ЈП „Нискоградба“, каде директор е Методи Силјановски од ЛДП.

М.М.