Општина Битола денеска почна со исплатата на средствата по објавениот Јавен повик за субвенционирање на домаќинствата во општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.
До денес е постапено за исплата по 400 решенија, во најголем дел кон економските оператори кои издале фактури на добитниците од конечната листа, а помал дел и кон физички лица, кои го набавиле инвертер уредот и доставиле фискална сметка.
Исплатата се врши врз основа на претходно изготвени решенија од страна на комисијата, која ја спроведуваше постапката за проверка на доставените документи.
По објавувањето на конечната листа на добитници на високоефикасни инвертер клима уреди, по претходно утврден распоред, од 13 ноември започна физичкото доставување на документите, која се уште трае. Истото се спроведува по строги правила и со запазување-почитување на сите мерки за заштита од ковид-19.
Тековно, комисиите продолжуваат со работа и изготвување на нови решенија, по што ќе следи исплата до економските оператори во предвидениот законски рок.
М.М.