ГЕВГЕЛИЈА
Преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција, во рамките на проектот „Унифициран информационен систем за размена на примарните здравствени единици во пограничното подрачје за итни здравствени случаи“, Oпштата болница со проширена дејност – Гевгелија организира инфоден на темата „Рак на дојка – скрининг и рана детекција“. Инфоденот ќе се одржи денеска, во Народниот театар во 12 часот.
– На настанот ќе се обрати директорот на Општата болница – Гевгелија, д-р Митко Крџев, а Билјана Демерџиева, дипломирана медицинска сестра, д-р Сашко Ризов и д-р Нако Поп-Ристов од Општата болница – Гевгелија ќе имаат стручни излагања на темата. Предвидена е и дискусија со можност за поставување прашања во врска со темата од присутните. Утре во основното училиште „Климент Охридски“ во Миравци ќе биде одржан истиот инфоден и за жителите од населеното место Миравци – информираат во Општината.
Во рамките на истиот проект се реализира бесплатен скрининг на дојка во градовите: Гевгелија, Битола, Солун и Воден, кој ќе трае две години. Во првиот бран на бесплатниот скрининг во Општата болница со проширена дејност – Гевгелија беа опфатени околу 400 жени од општините Гевгелија, Богданци и Дојран.