Радовиш
На Општина Радовиш ѝ се одобрени 23 милиони денари од ТАВ-програмата за изградба на локалниот пат до градскиот водовод. Градоначалникот Герасим Конзулов веќе го потпиша договорот и може да почне реализацијата на градежните зафати.
Градоначалникот го потпиша договорот за изградба на локалниот пат Радовиш – пристап до градскиот водовод „Радовиш“ во Општина Радовиш со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Метин Батак. Договорот е дел од програмата ТАВ за реализација на инфраструктурни проекти во 32 општини. На Општина Радовиш ѝ се доделени 23.320.000 денари за реализација на проектот – информираат надлежните од оваа локална самоуправа.